манифестира (гл.) - во (предл.)

Неговите противречности можат да бидат противречности на доцно-капиталистичкото општество, но што и да им е причина, сосема сигурно се манифестираат во важниот (постмодерен) концепт за „присуство на минатото“. 6 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Старата левичарска одбивност спрема владеењето на редот и законот сега е соочена со сопствената вистина што се манифестира во Босна и Србија, кадешто локалните воени поглавици без надзор пљачкосуваат, убиваат и си ги суредуваат приватните сметки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
КИБЕРРЕЛИГИЈА НА БЕБИ- БУМЕРИТЕ До 2000-та година преокупациите на беби-бум генерацијата ќе бидат дигитални или (ако ги употребиме старите парадигми) филозофско-спиритуални...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од аспект на можноста за заштита на работничките права, овде е значајно што синдикалната активност е наведена како една од основите по кои се забранува дискриминација, а која за жал во голема мера се почесто се манифестира во праксата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како пример, тие ги посочувале годините на распаѓањето на Османлиската Империја при крајот на XIX век, кога претходниот сојуз меѓу Русија и Австро-Унгарија се претворил во отворено ривалство во кое секоја сила настојувала да ја добие контролата на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имено, „историскиот интерес на Русија на Балканот отсекогаш се манифестирал во определбата дека ниту една друга голема сила не може“ да доминира на тој простор, бидејќи „тоа би претставувало стратегиска закана за Русите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)