лови (гл.) - мушичка (имн.)

Шлапкавме, фрлавме камчиња, крекавме заедно со жабите, ги гледавме птиците како ловат мушички и мали рипчиња... како Робинзон-Крусовци на пусто острово, така се чувствувавме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не ја забележав ѕвездата Деница дека веќе се појавила ниско на небото, токму таму каде што светеше и тенкиот срп на младата месечина, којзнае дали ќе се сетевме дека ноќта полека надоаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)