лета (гл.) - како (прил.)

Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И дали си придонела за распаѓањето на твоето гнездо со тоа што си летала како ластовица од работа дома и обратно, а секогаш во клунот си носела црви за пилците и за боксерот мочко (вечниот победник во мечевите во рингот без јажиња).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Слушај, Костадине! Ти си млад. Уште леташ. Ако рекол господ да ми бидеш зет, сакам отсега да бидеш поумен. Не да леташ како ластовица.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Немој после лошо да се рече!... (Влегуваат прво Симка и Костадин, а потем и другите). (ЗАВЕСА) ЧИН ТРЕТИ слика прва (Кај Костадиновци) по женидбата.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се чини како самиот ѓавол да нѐ фатил во своите канџи, па сега со рикање нè носи во пеколот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Санката лета како куршум. Расечениот воздух шиба по лицето, рика, бучи во ушите, сече, штипе болно и гневно, сака да ни ги откине главите од рамениците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)