лета (гл.) - низ (предл.)

Мислиш за малку ќе почнеа прслуци и гаќи да летаат низ собата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ми летаат низ глава. Сами уши. Крвави и неправилно исечени.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Еве сега доаѓаат со хеликоптери, авиониц, падобрани и цистерн.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
„Облачно претпладне во јули. Вкус на пепелта лета низ воздухот; - мирис на дрво што се поти на огништето, - натопени цвеќиња, - опустошени шеталишта, - зошто веќе да не дојдат играчките и темјанот? “, ќе наслика Рембо во неговите „Изреки“ и ќе продолжи: „сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; Златни синџири од ѕвезда до ѕвезда, и играм“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се мислам дека истиот е населен од многу што сакаат со позајмена статусна позиција, што би рекол Вендерс „...да летаат низ ноќта во слеп полет без инструменти, но на крајот да се приземјат таму каде што избрале да бидат.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можат да летаат низ апстрактни шуми, што се всушност графички прикажани статистички податоци и така многу полесно да ги забележат мострите отколку на колкав и да е компјутерски екран.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка ми се движеше како видра, леташе низ улицата, барајќи го бројот. Читаше на домофоните.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
(Евто го зема Михајло под рака. Го влече зад себе. Прават движења како кружно да летаат низ собата. Удираат од ѕид во ѕид. Несигурно се смеат.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Суви ветрови летаа низ небото, оган. Можеби беше некое непознато годишно време.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Капки летаа низ целиот тоалет. Неколку паднаа врз огледалото и врз мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тајкуните и могулите на меѓународниот капитал можат да летаат низ целиот свет во своите приватни авиони, но најголем дел од светското население е сѐ уште ограничено на „тиранијата на локалното“. 65 Saskia Sassen,“Immigration Policy in a Global Economy,“ SAIS Review 17.2 (1997): 13. 50 5.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Еден пример е новиот јапонски закон за емиграција од 1990 година, кој им ја отвори границата на неколку категории на високо квалификувани професионалци (на пр. експерти за меѓународни финансии, сметководство, медицински персонал, итн.), 64 Ibid. 49 додека во исто време влезот на „простата работна сила“ го направи илегален.65 Сето ова води до заклучок дека глобализацијата резултираше со парадоксални гранични политики: границите стануваат попропустливи за стоките и капиталот (преку договори за слободна трговија), но помалку пропустливи за протокот на луѓе (емигранти).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Беше тука, гниеше под јаболкницата, сѐ понетрпелив и сѐ понепријатен; не поради тоа што тој така сакаше, туку поради тоа што и по сето тоа долго чекање тој сѐ уште не можеше да лета низ ноќното небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Што си сторил?“ праша царот. „Летав низ небото, Ваше Височество“, одговори човекот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)