крие (гл.) - ги (зам.)

А продолженијата ги сечеше, грижливо ги сортираше и чуваше во едно долапче во својата соба, криејќи ги од родителите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повторно чекам, како двајца измамници, изгубени во огромната соба, криејќи ги погледите, гушејќи се од сувата болка во градите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Многумина настрадаа, долго време криејќи ги козите, но спасуваа други семејства, со деца и со старци на кои им беше неопходно козјото млеко за преживување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мажите пушат, криејќи ги цигарите в шепа. Распарувачки воздивнуваат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вујко ми, гордоста на семејството, за кој знаевме дека работи за некоја тајна, важна и добро платена служба, едно утро долго ме прегрнуваше. – Каде замина вујко? – ја праша мајка ми. – На пат ... ќе се врати, - одговори криејќи ги очите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Неби бег, и сам разжален од преселувањето, криејќи ги очите од неа и од децата, постојано повторуваше: Немај грижа, немај грижа, невесто, не оди на војна, оди да учи, господ ќе го чува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)