крепи (гл.) - веќе (прил.)

Бимбашијата ја заврте главата, но го остави со целата негова десетина и овој се нагости дента и вечерта од оние кокошки и мазници што ги нарача Толе за себе и другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој момент му пристапи на бимбашијата Суло, чаушот што ја донесе Толевата глава, што го отепа лично Толета и го замоли: — Изим, бимбаши ефенди, да останам ноќеска овдека, оти нозете не ме крепат веќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)