крене (гл.) - чашка (имн.)

Повторно пркосејќи му на гласот, Даниел ја крена чашката, но сега ја испразни само до половина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откако слушна: “Сепак, денот се познава по утрото”, Ема одмавна, по навика со левата рака, а со десната ја крена чашката со ликер и ги облеа усните со неколку капки кои се развлекоа по тенката линија кармин што ги спојуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Откако ги избриша рацете со ризата, ја зеде чашката и ѝ наздрави на Комисијата изразувајќи ѝ задоволство што дошла овде и што може да ја поздрави; кренаа чашки полковниците, му отпоздравија и почнаа да јадат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)