крене (гл.) - пушка (имн.)

Арно ама, таман се готвеа и двете страни за радост, положбата на Бугарковци се измени и тие го напуштија Добро Поле, ги кренаа пушките да си одат дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја кренав пушката. Гледам право на цевката ми трчи зајаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А кога смелите ловци се наближија Сашо наеднаш се исправи ја крена пушката и викна: - Бум! Бум! Бум!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А кој и да е ловец, каков и да е не може да крене пушка на зајаче што гонето од некоја ѕверка бара спас од тебе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја кренав пушката. Зајачето протрча на два-три чекора покрај мене.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Еј, беља, промрморе дедо Иван, веќе сериозно загрижен. Ја крена пушката и уште еден грмеш ја разбранува снежната ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од тоа прекоруање што го прекоруале, беше му омрзнало и еден ден, откоа беше се искарал арно, убао, си кренал пушката на рамо и си ошол од кај што порасол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
"Бре, анас'н', зер некој арамија ќе бидит што крадит грозје од лозјено, ја чекај да видам!# Се прибрал до лозјето и викнал: - Кој си ти, бре арамијо?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Џандарите ги кренале пушките и Давиде Недолетниот, навистина, се кренал кон небото, летнал. Се изгубил в облаци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Момчето почна да бега. - Мамката шумкарска, рече војникот потоа и ја крена пушката за да го нишани момчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ловецот тогаш ќе ја крене пушката и ќе го застрела крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)