крене (гл.) - показалец (имн.)

Значи, мајка ми го крена показалецот и покажа кон височинката! Кон тумбата. Кон местото на нејзиниот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Фоте не му даде на Боге евентуална можност да се согласи, туку поучно го крена показалецот: - Пивото не се пие од две чаши. Ветрее.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)