крене (гл.) - нога (имн.)

И, едно згазнување, ни се кренаа нозете пругоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоев на сувата земја и, ми се чини, не часови, не денови, туку години поминаа, откога смогнав да ги кренам нозете и да почнам да ги влечам стапките надолу по изгазената сува трева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
(Добро, си рече, сега ова да го наречеме (Ѝ ги крена нозете!...).
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога појдовме заедно во канцеларијата на воспитачот и кога Бане му објасни зошто сме дошле, тој прво се намршти, а после ни рече да ги кренеме нозете.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Грдан ја зеде кутијата со маслинки и појде кон кујната во нишата, а Горда му грабна една со два прста и ја лапна како цреша, па си ја прибра чашката в скут, се истегна на столот и си ги крена нозете на масичето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си легна на каучот во дневната и си ја крена ногата на перница.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)