крене (гл.) - граница (имн.)

Сите чекаа, но малкумина дочекаа да се крене границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се откажавме од враќањето. – Белки, еден ден, ќе се променат времињата, па ќе се кренат границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тешко ќе се кренат овие клети балкански граници, особено оние кои нѐ делат од нашата земја. – Дај Боже да се кренат границите – прифати Мајка по свое – па нашето пак да си биде наше, и ние да си бидеме повеќе ние, а децата уште повеќе. – Тешко се менуваат времињата на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, кутрата што стори молење до Бога да се смилува да се крене границата за да замине да го види брата си Сабаудин Руси, кого на галено го нарекуваше Бубуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се кренаа границите, макар што таа со нашата родна земја, поради која станавме емигранти, си продолжуваше, како ’рбетот на нашиот егзил, да опстојува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сигурно ќе нѐ нападне! – А ако не нѐ нападне? – Тогаш можат да дојдат за нас среќни денови. – Да се крене границата? – праша мигум Мајка. – И тоа може да се случи!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, коцката сепак беше фрлена. Се крена границата. Требаше да се мине Рубикон...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сѐ додека ќе има граници на Балканот, тој ќе биде клет, мила моја. – Еден ден, сигурно ќе се кренат границите, ама тие уште долго време ќе останат во луѓето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)