крене (гл.) - глас (имн.)

Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Море, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И гласот долго време му остана во долот, да му се слуша, да му се одзива: „оф, оф, леле, леле, оф, оф“ Едно стемнување и ќе му се крене гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Дедооо! - се крена глас откај колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Баш ова не го чекаше. „Што велиш?“ го крена гласот пашата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се слушнале извици на негодување. Ама никој да го крене гласот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)