крева (гл.) - шише (имн.)

КОСТАДИН: Ти, Симке, мајка да ја гледаш.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Е!... Море, удри понатака!... (Го крева шишето со вино, а другите тивко пеат: „Во стриковото градинче, галабо...) СИМКА: Не лути се, Костадине...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПОЦКО: (Го крева шишето.) И ракија...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЕДИНАЕСЕТТА ПОЈАВА ДОСЕГАШНИТЕ БЕЗ ПАНКО
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Ајде, кога ти велам, дим да те нема, зашто... (Го крева шишето и замавнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПЕТРИЈА: Се сторивме од големото добро утро!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Убаво стори, војводо! Убаво! - пелтечи доктор Коста со малку стврднат јазик, го крева шишето што некој му го подава и којзнае по којпат наздравува, поздравува, се ракува, се бакнува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Им го пикаше шишето на луѓето в уста и им велеше: „Одрицаетсја од пиење, раби божји?“ Тие одговораа: „Не одрицаетсја!“ и го креваа шишето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дедото го крева шишето, дува силно во мустаќите, се накашлува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
(Го крева шишето и пие. Пие диво. Откако ќе отпие, го гледа Ивана.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)