крева (гл.) - облак (имн.)

Ме погледа со мртов поглед.  „Алегра”, рече, „никогаш нема да влезе во нашата синагога”.  „Оди, сега”, му велам, „побарај ја жената и ќерката”.  „Имаш ли вести за Јехуда? ” - ме праша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога дувнува ветар, крева облаци црвен прав, ги врти над каменестиот остров и не останува ништо каде што не успева да се изнапика.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кокошките на патот рипаа од место кревајќи облаци прав, а зачудените луѓе зад нив, уплашени, погледнуваа по улицата нагор чиниш да видата дали арамијата сега по нив не влегува в село.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пловидба којзнае дали корените на флората се изворите на езерото дали билките ткаат космички страсти во твоите очи или на разбој дали се опоравува љубовта кога едриме дали сме тоа ние изненадени од гостопримството на сонцето дали преоѓаме еден во друг и гинеме ли изненадени не се креваат облаците и нискиот притисок со небото од исти работи боледуваме никогаш нема да го разбереме знакот на пловидбата будни како извори носиме студена струја струја.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
* Се спуштаат низ улицата бронзена, како некоја кралска поворка составена само од кралеви. Кревајќи облак звуци нечуени, метејќи ја прашината мисловна.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)