крвави (гл.) - вака (прил.)

Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само немој да забораваш, продолжуваше понатаму, дека во себе носиш барем едно од оние мои три зрна, а местото, каде што го носиш него, не ќе да е многу згодно за тебе, штом продолжуваш да крвавиш вака, по целава оваа долга трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)