копа (гл.) - по (предл.)

Има ги, има - мачат се, копат, копачи копат по темнината, копачи копат и тунел дупат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И токму сега, стоејќи пред воената карта и, набрзина копајќи по спомените, додека зборуваше Захаријадис, Маркос ја сфати целата игра.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се разнесоа песните за Антица, за Деспина, за Караѓуле и за други охридски мераци што копаа по срцата и ги разигруваа до поулавување...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби. Или не беше ништо. Но сеќавањето копаше по своето дно, пребаруваше, го разгрнуваше мовот на заборавот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Една мисла копаше по неговата свест, не давајќи му спокој.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„А јас велам сонот е она најпрвото што нè придружува, што нѝ шепоти, и трае трае уште…” велел Копаничарот и длабел по месото на дрвото трагал по мечтите, копал по душите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Каде и да одеше, кого и да убедуваше од власта, а во партијата немаше пристап, брзо ќе завршеше како сомнителен, ќе го испитуваа, ќе копаа по уште незалечените рани од блиското минато.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Погледот ме водеше во психогимнастички ритам на сеќавањето што копаше по твоето минато -кој не се обидел, не успеал да го врати сентименталниот спој на стара приказна од моето и твое сновидение...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ноќ нема, брег нема и само земјата чедно Копа по мраморот довикувања на селаните по молњи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)