кладе (гл.) - и (сврз.)

Ја кладоа на кантар Јовановата тринаесетгодишна „б'лгарштина"; ја кладоа и тригодишната „српштина", но последнава натежна некако по Милановата преценка, та Јован беше принуден да фрли уште сто лири на тасот од бугарштината за да се израмни со другиот на кој беше неговата српштина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така отидов од градината и камен тежок врз вратничето кладов и трње на појасот ѝ обвив.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Е, кога Голем Тодор и тајфата музичари и песнопојци ја испеале првата песна под прозорецот на Рајна, пресреќна таа и на чардакот ги поканила, ги нагостила, па дури и новите чевли си ги клала и прошетала на топуци пред нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)