качува (гл.) - нагоре (прил.)

Повторно се случи чудо. Можеби и не е чудо да се лизга мината од моливот и да се качува нагоре?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Ритамот на тапанот од под нозете почнува да ти се качува нагоре и ти запира некаде во стомакот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Александар ја тресна вратата и влезе во својата соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ноќва, разбуден, не по паузата на вторите петли, туку уште пред првите, сфатив дека сум сонувал за една таква промена на судбината, за тоа дека животот е скалила кои се качуваат нагоре и кои слегуваат надолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)