карактеризира (гл.) - развиен (прид.)

Мејл-артот од седумдесеттите години веќе го карактеризира развиена комуникациска мрежа меѓу уметниците ширум светот, се покренуваат специјализирани списанија за мејл- арт, а веќе и некои големи галерии почнуваат да организираат мејл-арт изложби. (Во бившата СФРЈ, на пример, 1972. во белградскиот Студентски културен центар одржана е изложба на поштенски пратки од Седмото Биенале на младите во Париз.) Во осумдесеттите години највоочливата промена и новиот квалитет на мејл-артот е неговата масовност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)