камени (гл.) - маска (имн.)

На излезот од мостот, се извишуваше белото здание на Театарот, небаре пренесен од Виена или од Париз, со камени статуи на покривите и со камени маски по фасадите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Откако ќе се минеше дрвениот убавец, пред нас се покажуваше вистински бел дворец, на врвовите од предниот истурен дел, небаре бранет од редица статуи – каријатиди со човечка става, а крај нив камени маски со семожни изрази.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)