кажува (гл.) - колку (прил.)

Не ѝ кажувам колку време можеме да сме гладни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ова пак е Молитвеник, да не ти кажувам колку ти е тој неопходно потребен, човеку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Токму затоа што толку често ми кажувале колку сум никаков во бидувањето геј и колку требало да учам „како да бидам геј“, зборчињава ми имаат толку занимлива сила.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ти ја отворав душата, ти кажував колку плачам, колку тажам по тебе, колку те сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не можеше тој тетка Рајна да ја спречи да зборува за овие работи, но, затоа тој со молчењето ѝ кажуваше колку тоа му е мачно, - си мислев јас онака како што мене ми беше потребно во тој момент.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)