кажува (гл.) - на (предл.)

Достасаа во Потковицата едночудо луѓе, агенти, од Тополчани, од Прилеп, од Битола, и сите од ред го распрашуваа за Јована и за неговата придружничка, но најмногу, нив, железничарите ги товареа: зошто уште веднаш не го пријавиле Јовановото заминување?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа им го кажуваа на властите после, две недели по Јовановото заминување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние сега ја позајмуваме од Сократа и она што тој сакал да го каже на филозофите, ние и го кажуваме на нашите театарџии: вистинската задача на приватниот театар ќе биде да му помогне на театарот да се запознае себеси.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
— Да правиме давии, да кажуаме на мудурот во Витолишча — ќе нѐ избесе ако остане жив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Добро, добро, де... За тоа ќе му кажувате на политичкиот комесар...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Томо никогаш не ѝ кажуваше на Рада колку е при крај со своите студии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нема да раскажувам за сите мислења што се кажаа за тоа каде можела да исчезне водата, кога и каде се случило нешто слично, за сочувствителните зборови кажувани на некој посебен, маказаречки начин, за помолчувањето и вртењето глава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Жените не им се гледаа надвор ако некој се приближуваше, но звукот на дајрето што најчесто приквечер го трепереше воздухот од нивната страна, му ја кажуваше на синот на Тајко тажната приказна на сите сиромаси кои усилената веселост ја користеа за прикажување пред светот на среќата што на богатите им недостасува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- И? - И... не ѝ кажуваме на Елена! Се плашам ако ѝ кажеме дека твоето одење на Орелска Чука ќе остане само желба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му кажувам на Методија, му велам, немало од нашите, туѓинка ако сакаш, ама со неа не ќе можеш да збориш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Надвор плаче Клавдија, ѝ кажувам на Подувкина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова не се кажува на добро, рекол татко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шетаме по селата, организираме: им кажуваме на луѓето која линија да ја држат, да не ја пуштаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттука зафатил Силјан да им ги кажува на луѓето сите грешки што му грешавал на татка си и на мајка си, што им правел, при сѐ што домаќинот од половината и повеќе беше му ги знаел на Силјана грешките.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога и да излезеше од дома, сега - откако ни едно дете не остана кај нив - железничарот Круме секогаш кажуваше на старата каде ќе оди.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Да расчистиме, тогаш, веднаш: не тврдам дека располагам со некој посебен, домородечки увид што ме ракоположува да им кажувам на луѓето како да бидат геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Набргу се враќа внучето на Петра и ѝ кажува на Митра со малку засипнат и преплашен глас Бабо Митро, те вика тета Чана долу, во подрумите!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На која врата да тропнам? Им кажувам на луѓето кои ме прашуваат како изгледаше куќата и како изгледаа стопаните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тетка Анѓа ѝ кажуваше на мајка ми: татко му на Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Наврапито се свртува наназад - лице в лице со Јана.. се џари во очите, темните очи - ама без светулки - светулките згаснале во некаков длабок вир од тага.. ја гледа, усните ѝ се движат, гласовите испрекинато навлегуваат во неговата душа, небаре далечно ехо: Тато ѝ кажуваше на мама - дедо ти ја продал ливадата - не ми се веруваше... не сакав да поверувам...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Домаќинска куќа, директоре, за ова благодариме и ќе им кажуваме на оние што денеска не можеа да дојдат.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Трајанка тукушто влезе дома и тукушто почна да ѝ кажува на мајка си што се случило, одајата се наполни со жени и деца кои сакаа да разберат сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нешто ме тера да зборувам, да се отпуштам. Им кажувам на децата за комитите што ме бркаат од дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, сѐ по темница, му кажувам на Витомира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)