кажува (гл.) - за (предл.)

Некои не мораат ништо да кажуваат за своите носеви затоа што оддалеку се гледа ползата од нив.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја погребаа сестра и на Ана. – Која Ана? – Зарем не сум ти кажувала за неа? Се запознавме во театарското бифе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Многу работи знаеше за мене. Сама си ги кажував фактите, комплетно му се отворив, зошто уште од почетокот и тој сè ми кажуваше за себе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Сторете така. Речете му збогум и вратете се да ми кажувате за пророкот.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас и натаму не кажував за посетата на тетка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој ми кажува за своето. Јас му кажувам за моето. Со него најповеќе ми оди.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Ти кажував за родителите“, вели, „имаа тешка старост“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му ги кажуваше завјасана турските зборови што ги научи: му кажуваше за седумте ќерки на Турците, за кои не се знае која од кого е, зашто сите се слични како голи зрна грав.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да не кажувам за мојот Дубровник, каде денес сите го имитираат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така, со пеење им кажувам за војниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, бре стрико, што беше била клетвата лоша, им рекол Силјан, татко ми кажуваше за две пилиња што се кај нас в поле, едното го викаат Сиве, а другото Чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По неколку месеци, откако го заборави ќотекот, започна да зборува низ селото, да кажува за ѓаволот, за натемагото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа сосем малку им кажувала за таму.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога мајка ми кажуваше за татко ми како одел да ги паси овците и козите со празно торбуле мене дури и сега ми се плаче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Седат сите околу масата, за децата, се разбира, нема место, тие се во другата одајка, го гледаат и го слушаат Димостена, а тој го држи лицето како кадро што почнало да се губи од хартијата и ги пушта своите така да се рече излитени зборови, кажувајќи за затворскиот живот и тоа го поминува само со десетина во кои се нагнетени пет шест и повеќе години.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше сигурно оти стариот Пико, во овие минути кога јас јурев по магистралниот пат напуштајќи ја Картагина, небаре во донкихотовска, дипломатска мисија, си го допиваше своето кафе во својата цветна градина, почнувајќи да чита нова книга, за која сигурно ќе ми раскажува, при наредната прошетка крај морето, а јас ќе му кажувам за своите дипломатски искушенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така, сега ви кажувам и за колењето... Почнав да ви кажувам за колењето на крмакот...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А Петруш војводата? Сум ти кажувала за него?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кажувам за настани на кои убаво се сеќавам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓу сите изговори што Мајка ни ги кажуваше за да го оправда заминувањето, беше главно аманетот што ѝ го оставил Татко, никогаш да не си ја напушта куќата, никогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ми кажува за нивите, за ливадите, за колењето на свињите, како го сушат месото, како го чадат. 73
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние вревиме, гракаме, кракаме. Му кажуваме за улерата дека е пред село и дека ќе почне да жние.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Застанувам до Ристета од Жван и тој ми кажува за Миленко. Пали цигара и ми кажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лежам така префрлен со умот, а Бошко од Сувогрло само си кажува за некаде: - Врвиме, вели, крај еден напуштен логор, вака колку до нужникон надвор, а едно жешко време, вели, секакви творчиња оживиле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето седат на лединките и сега си кажуваат за ти реков, ми рече, за што било и поминало. Како да се покрсти излезени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас му кажувам, кога јадеме мрсно, како топиме сало, како правиме пршки и му кажувам за планината: како се делкаат главини и лактишта, спици и оски, како се прават коли воловски и му кажувам за јазот, што ми тече зад куќа, под стреа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)