кажува (гл.) - приказна (имн.)

Таа ми ги кажуваше приказните исклучиво усно и само кога ќе ме посетеше во Белград.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Куќерката моја, суниска и тесна пред мене ми личи ко внекоја бајка, кај дедо ми кажвал приказни и песни, над лелејка каде ми пеела мајка...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ќе ја кажувам приказната за двајца браќа. Едниот бил богат, едниот сиромав.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не секогаш, но кога ми го кажува приказните, и кога разговараа по телефон со татко ми. Тогаш сака.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Најдобро е, си велам, да не ѝ ја кажувам приказната за фото-финишот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повторно од високите ѕидови од холот на хотел нè пречекаа наивно нацртаните фасади на црквите што ти го напаѓа погледот каде и да се наоѓаш – крај барот, на рецепцијата, пред некоја од силите за конференции, пред стаклениот лифт или во него додека се качуваш до некој од внатрешните катови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)