каже (гл.) - и (чест.)

„Ајде кобници бре - им свикуваше тогаш Гога - уште не ви е јасен планот за кај сте? Јас ќе ви кажам и без Библијата!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На едно место кажува дека со машината за пишување излегувал, топорејќи се, и на балконот во Маказар, расоблечен, како што вели, несвесен што кажува и самиот, и раскрилен над целиот простор, за да го видат сите дека тој пишува, и тоа не било што, туку книги!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му го кажаа и името на барот. „Нели ќе дојдеш?“ му вели малечката и авторот знае дека малечката е мамката и дека е ова добро уигран тим.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас имам сопруг (нека кажам и дури имав сопруг); јас сега ја имам Здењичка; тоа сепак обврзува за она што се зборува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А меѓутоа треба да се каже и вистината - два дена не клал ништо в уста и поради тоа звучно му се преметкуваат цревата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ете, ви го кажав и лошото, ама и арното.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кажи и ти нешто убаво, му вели Оливера Поточка на Манол Форевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали му се кажа и ова на небото?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кажи и ти некоја, ќе ми речат, смешај се со нешто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ додека оној ден, кога сосема во невреме, младичот сета утрина остана во дуќанчето, иако утредента требаше да го положи последниот испит; остануваше така шетајќи се нервозно од едниот до другиот ѕид, а не велејќи за тоа ништо, сè до тој ден, кога сосема во невреме не почнаа од вратата на тутунската фабрика да наизлегуваат разјарените луѓе во сини комбинезони, прво една сосема мала збиена група, а по нив една цела река, дофрлајќи по нешто гласно преку рамената, сите со онаа разјареност во погледите како еден човек, како еден разлутен човек, кој треснал од земјата сè, кој повеќе не може да поднесе нешто да се продолжи да се прави со него, кој се свестил дека е ограбен, и кој што има тука да го каже и својот збор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Па, може бил Васил, гостинот твој! Што не му кажеш и на него да не моча стоечки за да не ти ја прља шолјата?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе му направев ваква супа, по три чинии одеднаш голташе... - на ова и тетка ми Олга не издржа, шмркна и со салфетката пред неа исто така си ги избриша очите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И ќе им кажете и тоа оти ако до зајдисонце не донесат, ќе им го отерам преку планина сиот добиток, а тебе – му се сврте тој на Пецета, - ќе те заколам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дајте ми го тоа, браќа душовадници, и ако постапите така, ни мојот сакан господар ни пак јас нема да ве прекориме дента кога ќе се сретнеме пред Господа.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тогаш низ телото на младата жена поминале трпки, а нејзините молежливи очи упатиле поглед што го зборувал истото што би го кажале и подадените раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Што е смешно, велам, кажете и ние да се насмееме. - То није играње веќ ’рвање, вели капетан Мирковиќ. 141
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)