истури (гл.) - вино (имн.)

Ја зеде нејзината полуполна чаша и го истури виното во саксијата со цвеќе што беше на первазот од прозорецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа на гробот од стрика Ангела, од кај главата, забодуваат крст, самоделски и од дабово дрво, а Максим Акиноски откако истура вино врз гробот и откако го прекрстува, и мавтајќи со каделницата одново оптегнува Алелуја, алелуја, ааалеелууујааа!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)