истрча (гл.) - низ (предл.)

Таќир и Јован го видоа и истрчаа низ врата, та се исправија пред нив во дворот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога го врати назад во собичката и кога виде дека ни сега не може да остане тука само со него, Змејко ја зеде пушката и просто истрча низ вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истрча низ вратничката и се закопа до натколениците во снегот, а со секој дел од своето тело просто како да го впиваше во себе дишењето на таа единствено вистинска, топла и миризлива југовина, што го поземаше во своите заплиснувања и го омекнуваше сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Момчето Буки истрчува низ врата, а девојчето сè уште седи на кревет и намуртено зјапа во под.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А ти, Буки, фаќај магла и не доаѓај веќе тука зашто следниот пат од устата ќе исплукаш не џамлии туку нилски коњ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во моментот кога се сетив дека ќесите со ѓубрето од животното не ги исфрлив од кујната свекрва ми стана да провери од каде доаѓа миризбата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мачката истрча низ отворената врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)