истера (гл.) - Турчин (имн.)

А да му речиш: де земете пушките да го истераме Турчинот",'ќе ти а расцепат главата со балтиите, или ќе те предадат на Раиф ефендија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е шо велиш ти, шо велат тие умните глави, како да работиме? — праша Толе, кој дотогаш ги голташе Атанасовите зборови. — Тоа е друга работа сега!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа уште тука почна: — Шо правите вие, бре кршоборци, по планината? — им се обрна на сите кога седнаа да ја кршат топлата ченкина погача и да тураат во паниците жолта вода, во која леташе по некоја граова шлупка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)