испушти (гл.) - глас (имн.)

До крв јa гризеше раката за да не испушти глас на страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Невена вкочанета од болка, од страв од неизвесност и што ли не друго одвај испушти глас: - во долапот, барај!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа се штрекна и се исправи: „Ајјјј...“ испушти глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ќе зачкрташе некоја од голите гранки на дрвото, на Богдана ќе му се пристореше како да е тоа глас на птица, како да се вратила: вртеше со очите нагоре, ја бараше, сѐ дури не виде дека тоа сувата гранка чкртајќи испушта глас како на птица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа пак испушти глас: „Ајјј...“ и слезе со кофите да донесе малтер молчејќи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И потоа тие ликови ќе се доближеа, најблиску што можеше да биде до мене, без да испуштат глас, но со силно отворени очи, се губеа засекогаш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чувствуваше само дека некоја сила надвор од него му ја одзема неговата сопствена сила, до таа мера што не можеше ни да ја мрдне раката до лицето ни да испушти глас од грлото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Никој во масата борци не крена рака, не испушти глас во нивна одбрана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Винко го стегаше со раката за муцката да не испушти глас и менуваше бои на лицето: де жолта, де црвена.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во нејзините дупки и пукнатини живеат разни птици кои постојано испуштаат глас, веселејќи се или карајќи се која подобро живеалиште да фати; но кога ќе видат заедничка опасност: орел или лисица, се кријат која каде стаса, често во едно седело.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ха! - испушти глас Мил и го затвори прозорецот за да не ја слуша.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)