испраќа (гл.) - порака (имн.)

Се работи за еден интерактивен процес, кој влијае врз колективната и индивидуалната свест на луѓето кои, иако не се во состојба сами да создаваат културни институции, учествуваат во нив испраќајќи пораки и симболи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А, сепак, да го запознаам? И, седнувам на компјутер и му испраќам порака дека сакам да пиеме едно кафе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Меѓутоа, задоволни од активностите на единиците на НОВ и ПО на Македонија на 10 септември 1944 година британската заднинска воена мисија на бригадирот Фицрој Маклин испраќа порака до мисијата Spike во која “како продолжение на “Ratweek“ во Македонија AFHQ бара акциите да продолжат и максимална штета да им се нанесе на следните железнички линии во случај на заземање од единиците на ЈАНЛ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во ова невреме ноќва, зората испраќа порака, скржавец чекори во денот, мислата умира Тони нагонот во бездна, ѕвездите солзи ронат Во сончевината на утрото, бакнежи од зракот на сонцето Солзата се капе во сопственото езеро Во ритмот на срцето, немирот болка ткае
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)