испраќа (гл.) - го (зам.)

Ја остави зад себе помислата да преземе нешто (а и што?), додека таа инсистираше испраќајќи го не со поздрав туку со молба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За да не ја гледа Анѓа, тој слабо идеше дома, испраќајќи го момокот Кулета, а самиот остануваше да спие со аргатите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дури ќе стое лејката, јас одовде не мрдам — му одговори Толе и се раздели од него, испраќајќи го до Плетварски Дервен, да не го згаштат уште тука агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури бимбашијата го претресуваше мало Мариово, Толе се врткаше по старо Мариово преку Црна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)