исполни (гл.) - и (чест.)

Набргу можеше да биде сигурен дека тука ќе се исполни и она, што го прижелкуваше сето време скриено во себе, но што немаше смелост да го оформи во желба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Знам миличок, ќе го исполниме и тоа! – прекина куклата подналутено.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ајде де! Кажи веќе еднаш, денес ќе ти исполнам и три ако треба... - се разнежни Никодин полнејќи ја испразнетата чашка со ракија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)