исполни (гл.) - нејзин (прид.)

Се чини дека токму тоа се случува во современа Турција каде што доминантната идеологија на кемализмот паѓа во немилост и каде што новите и конкурентни колективни истории бучно бараат да го исполнат нејзиното место.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Впрочем, таа посакуваше нема, понизна, но чесна слугинка која без приговор ќе ги исполнува нејзините наредби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Инаку, што се однесува до нејзините желби и моите обврски при нивното изведување, веднаш ќе речам дека и покрај сета почит кон неа не се чувствував задолжен доследно да ги исполнувам нејзините пораки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Томо се вработи во фабриката за профилни цевки, а на Рада и се исполни нејзиниот животен сон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислам дека и таа не го бараше тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Севишниот, сепак, беше на нејзина страна, покорно ѝ ги ислуша и ѝ ги исполни нејзините таинствени желби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се обидов да ја потсетам дека само се обидувам да ги исполнам нејзините желби, а таа се насмеа: „Ајде, не брани се! Подобро е понекогаш и да отстапиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)