исполни (гл.) - простор (имн.)

Ги фрли војничките алишта и започна повторно да трча и да опкршува околу езерото и селото, да го исполнува просторот со својот вик, да допира и да милува секое дрвце, секој камен; со денови опкршуваше низ сиот овој простор, низ сиве овие места на кои не можеше да им се изнарадува, да се опсити; пак заличи на дете што започнало првите чекори да ги прави на кое сиот свет му е мал; го вдишуваше мирисот на дрвјата, го гледаше синото небо кренато високо и исчистено од сите барути и пукоти; го гледаше езерото што како зоврено млеко се креваше и разлеваше пена на брегот; го слушаше црцорењето на птиците што ја населуваа шумата, трчаше по пеперутките, легнуваше во тревјето и пак стануваше, настојувајќи што побргу да го заборави она што му мина преку главата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, мегаломански споменик се издигна во сенките, на тревникот... ко вулканска маса го исполни просторот, Софија!...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Секундите биеја во неговите дамари како да е се една бавност во која времето никогаш не ќе го исполни просторот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)