исполни (гл.) - време (имн.)

Денес постојат неброени играчки што можат да му го исполнат времето на секое дете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ти знаеш како ни беше исполнето времето на Балканот, со тага, со умирачки, со заминувања, со разделби, со делби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Важно е да се остави на случајноста фино да го исполни времето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)