исполни (гл.) - секој (зам.)

Ќе ми ги одземе главата и мозокот и ќе го исполни секое око и секој заб и сите свиоци во умот, сета коса, секој набор на ушните школки и тогаш ништо веќе не ќе остане од мене.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако се споредам со тетка ти, која е „покревка“, „понеспособна“, а на која маж ѝ и децата ѝ ја исполнуваат секоја желба, гледам колку погрешно сум се поставила кон вас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Празното во нашиот живот бара да биде пополнето со сеќавањето, како водата од браздата крај патот што ја исполнува секоја кртечина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако не можеме да бидеме заедно, ако неможам секој ден да ти покажувам колку те сакам, останува да се надевам дека барем понекогаш се сеќаваш на моите лудории кои ти правеа рингишпил во главата, кои те скокоткаа и блага насмевка ти се појавуваше на усните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мистично е како љубовта се раѓа, ја исполнува секоја клетка расте, станува безгранична со секој изминат миг.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)