испливува (гл.) - на (предл.)

И за сето време, за да не се посомнева некој случајно во стварноста на која се однесуваа опширните Голдштајнови празни фрази, зад неговата глава на телекранот маршираа бескрајни колони на Евразиската армија - колона по колона цврсти мажи со безизразни азијатски лица, кои испливуваа на површината од екранот и исчезнуваа, за да бидат заменети од други, сосем слични.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прашањето постојано, како тапа што во никој случај не попушта да потоне во водата, испливуваше на површината, сѐ поубедливо покажувајќи ја својата непокорност на волјата на човекот, па макар тој да е и самиот Ајнштајн.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потонатите бродови повторно испливуваа на местото каде што некогаш беа потонати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)