исплати (гл.) - надоместок (имн.)

Ако се има во предвид дека во Р.Македонија од неодамна и средното образование се третира како задолжително и најчесто трае 4 години (од 14 до 18-годишна возраст) тогаш станува нејасно дали законодавецот мисли на задолжителното основно образование или пак предвидува законска можност за вработување која е практично неизводлива во реалноста!?; г) беше додаден нов став кон чл. 252 кој предвиде дека работодавачот кој ќе склучи договор за извршување на работа надвор од неговата дејност (договор за дело, авторски договор), а притоа ќе исплати надоместок (т.н.„хонорар“) за извршената работа во износ повисок од износот на минималната плата утврдена со закон16 е должен да плати придонеси од задолжително социјално осигурување (чл. 7 од ЗИДЗРО/јул.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Доколку работникот е онеспособен за работа поради повреди настанати поради необезбедување на мерките, согласно прописите за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да исплаќа надоместок и по изминувањето на 30 дена, врз основа на записник, кој се доставува и до ФЗОМ, изготвен од инспектор на трудот, каде експлицитно мора да се наведе дека конкретната повреда е настаната поради непримената на мерките за безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За жал, овој закон не се однесува на работодавачите кај кои повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост. 38 беше избришана експлицитната одредба која нормираше дека платата мора да му биде на располагање на работникот на определениот ден за исплаќање, освен ако страните поинаку не се договориле (чл. 5 од ЗИДЗРО/јан.12); ● беше продолжено времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Имено, тогаш дојде до укинување на можноста, при ангажирање невработени лица за спроведување јавни работи, да се исплаќа надоместок за превоз до местото на извршување на работите наместо обезбедувањето превоз за овие лица (чл. 6, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работодавачот исплаќа надоместок на платата и во случаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреди до 21 ден, а над овој период се исплаќа на товар на здрав- ственото осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: II PO.бр. 573/10. 2.  Работникот има право на платено отсуство [„отсуство од работа со надоместок на плата“] во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување (чл. 149, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)