исплази (гл.) - јазик (имн.)

А тој зацимуоли, исплази јазик, се оближа и со обесена нога, закуцка на кај неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стана ја крена главата, ѝ се искриви на враната и го исплази јазикот. - Ја!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Како од лоша вест, се растревожив морбидно, до мерка на зло претчувство: „Да не сум болна?!“ Ги повлеков подочниците и го исплазив јазикот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Две зајачиња, две другарчиња, беа исплазиле јазици, бегајќи од една огромна лисица, што подолго време ги бркаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Стрела трчаше, ту пред нив, ту зад нив, некогаш ќе скршнеше настрана и подолго ќе ја немаше, и кога Денко веќе помислуваше дека ги напуштила и се вратила кон колибата, таа ќе истрчаше пред нив, задишана, со исплазен јазик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многу сум ти благодарна, што толку се загрижи и дотрча, просто со исплазен јазик, да ми раскажеш, да споделиш со мене ова - она и такви ми ти работи, но сега, јас те молам, оди си.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лежиме со исплазени јазици, како кучиња давени од волци, што се вели, како налеан грагор по потоп.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ТАТКО* Имав четири години, бујна виткана коса, безобразно исплазен јазик и често се случуваше да се разбудам навечер со чудно чувство на страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тогаш кучето, како да го потсетува својот драг човек, го исплази јазикот право кон него и почна да се оближува во знак на некакво задоволство.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но за да пристапиш кон извршување на заповедта (Да го исплазиш јазикот користејќи придружба звучна) Вистината треба да слезе од ридот на одбраните Да ја прифатиш како академски поучна И да поверуваш дека ти ја праќаат привилигираните..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Фрли го што подалеку, натфрли го јадливо, разјадливо - не плукај, подголтни - да нема мера расцепот во овој расчепен разговор јаз-говор, јас-говор пред овој исплазен јазик при таа жега во умот нишан на нишан јас на ти.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ти се смеат, ти одобруваат, дури и ќе ти ракоплескаат, и наеднаш, кога најмалку се надеваш, ќе ти го исплазат јазикот!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Чудно е дека јас му го исплазив јазикот, му свирнав, а тој мене - бонбонче!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Многу паметно постапил со девојченцето кое без причина му го исплазило јазикот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се поткршуваат и копитата од добиците, Чако квичи и гледа во нас со исплазен јазик.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)