испие (гл.) - последен (прид.)

Така – ја испива последната голтка кафе (јас сум сè уште кај втората): Важи. Те чекам во вторник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Му се пиело, комовата анасонка го враќала кон врелите лесновски спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја испил последната голтка од својата буклија (знаеле дека купил за стара кошула ракија од Лесново) и го побарал со едното око влакнестото лице на дивиот Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)