испие (гл.) - четири (бр.)

Го изми до светнување, го наполни со вода и испи едно шише, уште едно, уште едно, испи четири шишиња, пет – и најпосле дотера до десет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Светлата се запалија, знак за фајронт. Испија четири пива „Гардист“.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Работи кои не може а да не ги сториш да не нарачаш петто пиво откако си испил четири; да не го ставиш откако веќе си го брцнал; да останеш кул кога одеднаш ќе се разбудиш во крематориум, поклопецот на печката е затворен, а копчето притиснато на ’он’; да не ја сфатиш погрешно реченицата која почнува со "не ме сфаќај погрешно, ама..“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)