испече (гл.) - и (сврз.)

Сите беа убаво испечени и богато нарисани со плетенки од некоја источна орнаментика.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски, та почнаа по ледината да се борат и валкаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓувезија Дубровска и Сија Хаџибанова беа зашеметени. Гледаа насекаде и не знаеја што да одберат понапред за гледање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се слекоа по кошули и се грабнаа да се борат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Свари полно котле качамак, го прели со врело масло, испече и сланина, стави врз него и грутка сирење, па јадеше како да е царска гозба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)