искрсне (гл.) - катадневен (прил.)

Вистина е дека мислејќи на вас, јас тешко би можела да помислам на нешто друго, а што се однесува на вашите книги, пасажите кои ми искрснуваат катадневно се оние кога раскажувате како вашата мајка постојано се прашуваше и прашуваше: Дали ќе има војна!, а вашиот татко минуваше цели часови слушајќи радио за да дознае за тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А што се однесува до вас лично, се прашувам дали, со оглед на вашето албанско потекло, вашиот идентитет и фактот што сте биле дипломат, за вас се поволни околности, кои ви овозможуваат да имате за оваа ситуација дистанциран став и да вршите посредувачко влијание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)