искористува (гл.) - го (зам.)

- Што ти стана? – скокнав и јас по неа, искористувајќи го моментот малку да се приберам од растроеноста што ми ја предизвика спомнувањето на Мартин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Леле, ако Фрањо ми се пикнал во цртежите и ако ми ги изџвакал!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сафет-ефенди сега живееше со неа како ќаја во една поголема куќа среде селото Ајдинци: беше благ ќаја, справедлив, но и во тоа не беше промената, дури ако се земе предвид дека и недоверчивите селани, ненаучени на такво однесување, ќајата што не ги искористуваше го сметаа за недоветен и глупав.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)