искачи (гл.) - кон (предл.)

Почнаа да се искачуваат кон Грамадна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гледа Богдан низ вратата кон небесното синило во кое му се чини како да му се отвора небесна врата и тој полека по воздушни скали се искачува кон неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога долниот дел од записот беше препишан, Филозофот требаше да се искачи кон горните, први редови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)