имплицира (гл.) - дека (сврз.)

Со оваа пресуда беа поништени одлуките за отказ како незаконити, а туженото претпријатие требаше, во рок од осум дена, да им ги надомести трошоците сторени во текот на постапката – кои беа одмерени на рекордни 102.920 МКД (1.690 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
39 Ова имплицира дека некој намерно го ставил случајот на страна, сè со цел факторот „време + трошоци“ да ги натераат тужителите сами да се откажат од тужбата, што и делумно го сторија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но она што не е во ред кај овие сугестии е претпоставката дека аргументот за приватниот јазик имплицира дека не може да постои ништо како привилегирано препознавање во „прво лице” на диктатите на нечие разбирање на еден израз. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 65 Од фактот дека владеењето со некој израз може да се научи единствено во јавен амбиент, и дека неговата исправна употреба треба да биде контролирана од јавни проверки, не следува ништо што би се однесувало на невозможноста од разбирање на еден израз, на тој начин стекнат и контролиран, кој се состои во некоја когнитивна состојба на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Обете поенти зависат од потребата за јавни ограничувања, кои ја подвлекуваат суштинската дистинкција - дистинкцијата помеѓу следењето на правилото и (само) мислењето дека некој го следи правилото - а нивната основа Витгенштајн, како што е познато, ја наоѓа во договорот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Затоа, ова имплицира дека било кој разговор ќе помогне.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто така и идејата дека “фактите” ѝ припаѓаат само на проблемската страна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако терапијата е разговор, тогаш - според едно од правилата на граматиката и логиката за значењето и употребата на зборот “е” - разговорот е терапија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа втора идеја, имплицира дека не е потребно да се познаваат фактите за да се дојде до решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, бидејќи, главно, не ни се појавуваат како изреки, туку како перцепции за светот или како чувства однатре или како длабоко лични и оригинални пронигби, тие и понатаму кај многу луѓе обезбедуваат извесна приврзаност на интуитивно рамниште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам. ‌За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најголема е опасноста од есенцијализмот, да не излезе дека се имплицира дека има некоја определителна одлика или некое определително својство на гејство што им се заеднички на сите геј-мажи – што е неодржлива претстава, која треба категорично да ја отфрлиме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Под насловот што игра со зборови „Б+, стегни се помашки“ (“B+ Could Try Harder), ССО во уводникот го смета предметот за смешно академско присвојување на една заедничка машка геј- практика и имплицира дека на геј- мажите не им треба некоја стручна поука за тоа, најмалку од факултетски професори – можеле сосема добро и самите, фала многу.24
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, некои гејови и луѓе што им се благонаклонети реагираа со поддршка и со ентузијазам, но многумина други приговараа дека сум бил непромислен и провокативен, дека сум ги ставал геј- мажите на лош глас, сум продавал стереотипи со тоа што сум имплицирал дека геј- мажите се различни од стрејт- мажите, дека сум ја изнесувал лудата идеја дека постои нешто што се вика геј- култура и дека е различна од стрејт- културата, дека сум ја потврдувал хомофопската претстава дека геј- мажите „врбуваат“ стрејт- мажи да се впуштат во „геј- стилот на живеење“ или дека сум ѝ давал на верската десница оружје со кое ќе удри по нас, а со тоа сум ја загрозувал борбата за граѓанските права на лезбејките и на гејовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, тие се многу основани – работата е само во тоа што основата им е во нашето општествено постоење, а не во природата на нештата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата. ‌Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествените конструкции, со други зборови, не се неточни и погрешно е да се смета дека општествената анализа имплицира дека темелните интуиции за светот ни се заблудени и неосновани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нашето избегнување збунува до толку повеќе до колку се знае дека ни нанесува тешка клевета: имплицира дека сме баш како сите други.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со тоа што ја содржи и ја ограничува хомосексуалноста на фиксниот, локален хабитат на одреден лик или на одредена тема – на материјализацијата на геј-идентитетот – новиот геј-мјузикл имплицира дека таквиот хабитат е единственото место во мјузиклот во кое почива хомосексуалноста, во кое геј-субјективитетот си е на свое.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто на коментатори на културата како Камил Палија и Харви Менсфилд, кои мешетарат со такви предрасуди или ги мобилизираат за да им дадат на своите ставови божемна убедлива разумност, секогаш им успева да си најдат восприемлива публика – публика која е и тоа како готова да си ги фрли во вода наводно „политички коректните“ уверувања (кои, како прво, очигледно не ги ни пригрнала многу ревносно и искрено) во корист на нешто што лесно, но делотворно, се протнува како чиста природна стварност и како очигледен здрав разум. ‌Ова само покажува колку од она што го сметаме за стварност е, всушност, општествено конституирано без да престане да ни изгледа стварно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И едната и другата поента се важни; наместо да се избегнуваат, тие заслужуваат сериозно и постојано размислување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крајниот ефект е да се имплицира дека спектарот на малцинските идентитети не е нималку пошокантен и поодбивен од гозба со етничка кујна на некој меѓународен кулинарски панаѓур: шведска маса со сладосни, но небитни и безначајни варијации, отворени за секого; повик да си го прошириме културниот видокруг, секој да се слади со нешто – без никој да чувствува дека мора да проба од сè, особено не нешто што му изгледа особено грозно или одвратно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Морден имплицира дека Крафорд во Милдред Пирс толку моќно ги одиграла гламурозната и абјектната женственост, толку напнато, толку совршено, а во исто време и толку екстравагантно театрално, што нема дрег-кралица што може да ѝ се опре и да ѝ се рамни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со самото предлагање таков предмет, вели, сум имплицирал дека геј-мажите како група ги карактеризирале „универзалности“ што може да се откријат, да се набројат и да им се изложат на додипломците, како божем таквите работи да се факти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На тој начин, дишењето станува носител на бесмртното и божествено во човекот.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пролетта стаса нова вест дека Франција го менува својот став и дека до Конференцијата на амбасадорите доставила нота во која истакнува дека причините што ги наведува Кралството на СХС се такви што треба да се земаат во предвид зашто во правниот јазик: изразот „до“ - зад кој следува име на место - имплицира дека тоа место е исклучено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неговата теорија имплицира дека, до одреден степен принципот кој ја одредува човечката когниција лежи во „умот” а не во надворешните настани, и се состои од нашето настојување да се подобри кореспонденцијата помеѓу некои од нашите ментални репрезентации и нашите идни искуства (Adams-Webber 1989).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)