имплементира (гл.) - програма (имн.)

Но да претпоставиме дури и дека овој арбитрарен договор е постигнат; да претпоставиме дека, како што навистина е случај со повеќето научени вештини, меморизираната манипулација со симболи станала толку автоматизирана со вежбање што Серл може да ја изведе на ист начин како што при возење кола симултано води разговор на англиски, несвесен за своето возење: Би имало ли некаква разлика во тоа дали тој ја имплементира или не ја имплементира програмата за која ти би одрекол дека била имплементирана кога тој неа ја изведувал свесно?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Хејс: Поентата на ова е дека ако Серл, во неговата соба или со неговата огромна меморија, само поминува низ овие правила свесно, велејќи си дека ова е досадна работа и чудејќи се заради што е сето тоа, останувајќи притоа човек, тогаш јас би тврдел дека тој всушност не ја имплементира програмата, а ако програмата не се извршува, недостатокот од разбирање, доколку постои, не е од никакво значење за нашата компјутационалистичка позиција.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Информатичарот Патрик Хејс се залага за тоа дека Серловиот аргумент потфрлува, но поради тоа што Серл вистински не ја имплементира програмата: една реална имплементација не смее да биде хомункуларна туку лишена од ум и механичка, како компјутер.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)