имитира (гл.) - го (зам.)

Единствен предмет изложен во оваа просторија беше Дишановата „Полица за шишиња“ и не поставена на постамент, како што традиционално се поставуваат скулптурите, туку обесена со јаже на таванот, имитирајќи го на тој начин методот на штедење на простор при складирање на редимејдите, што самиот Дишан го користел во своето атеље.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Марша се обидуваше да разбере нешто од Карл, но тој само брчеше со устата имитирајќи го авионот... и ништо повеќе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Изложбата почнува од една просторија со натпис „убавината на рамнодушноста“ - Дишанов израз за однесувањето за кое тој тврдеше дека го прифатил одбирајќи ги „редимејдите“, секојдневни предмети подигнати на ниво на уметнички дела само со моќта и вредноста на уметниковиот избор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За тоа време, јас се приближив до неговото кутиче, го зедов писмото, го ставив в џеб, и го заменив со препис (барем што се однесува до надворешниот изглед) што претходно внимателно го направив кај мене дома, имитирајќи го монограмот Д., мошне умешно, со печат направен од леб.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)