има (гл.) - колку (прил.)

Помладите еден по еден ја напуштија свадбата! Јадење и пиење имаше колку да сакаш!?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ама стрептомицинот, благодарение на тој Сврделот, тие го имаа колку да ми сакаш од таа помошта што доаѓаше преку Црвениот крст.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фала му на Бога што ги отворија овие кинескиве шопови, па ламби столни имаш колку сакаш за ич пари да купиш, ама нов фустан и штикли, кошула за овој и, да, чорапи доколенки... не ќе оди во гети, па кога ќе задигне ногавицата на панталоните сите сватови да посакаат на депилација да го носат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога ја оставив Кате неколку години беше поголема од Ана, а сега — ќерка има колку неа. А јас неженет!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Овој пат брат ми не е со нас. Замина за Будимпешта со другарите, а на негово место со нас е Борче, братучед ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убаво е кога сме сите заедно по цели денови и ноќи и кога време за заедничко дружење имаме колку ни душа сака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си се ујдисала со умот негов што го има колку една кокошка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ќе нараснат, ќе нараснат како модри сливи и ќе ти се откачат од ногата. Така се однесуваат пијавиците.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А долу, во оризиштата и во реката ги има колку сакаш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече: - Не треба. Сега од овие работи имаме колку што сакаш. Носат луѓето од секаде...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Сакаше злато! - шепотеше старецот. - Сега го имаш колку сакаш!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)