има (гл.) - поубав (прид.)

Некогаш се каравме со Цвета, јас ѝ велев дека мојата мајка е поубава а таа ќе речеше: Мојата има поубав фустан.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама затоа пак, тие, откако ги фати спаијата за свои соработници, не оставија ни еден витолишец да не го прашаат што е и како е в село, а особено каде има поубава ракија и млади невести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зарем не можела да застане понатаму, ако не ја интересирам (оти прозорецот беше голем, и дури, малку понатаму имаше поубава глетка за набљудување дожд)?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во него живеете додека живеете потем воскреснувате: сите мориња се ваши ваше е бегството, очајната надеж дека секогаш има поубав свет - оној што го немате, изгубениот и времето дури е ваше кругот е перфидно совршен освен ако не се најде човек да ви постави ѕверска спрепка!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Додека ги минував овие „бели населби“ веднаш ми идеа мислите на Македонија, која сигурно има поубави природни услови за развиток на туризмот, отколку Белгија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пела не го изговори следното прашање веднаш, туку многу подоцна, пред да се преселат кај мајка Перса, и, од нејзиното слатко усте кое кога ги пропушташе зборовите од десната страна создаваа едно мило дупче, не го изговори ни како прашање, туку како чудење Зар има поубава од тебе, мамичке?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)